Толку е мека и сочна што не можете да престанете да ја јадете. Ако ја послужите оваа пита за појадок или вечера, нема да погрешите. Секој бара уште по едно парче. овој рецепт вреди да си го запишете. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пота, 350 г фета сирење (или по ваш избор), 6 јајца, 500 Г цврст јогурт или кисела павлака/к.млеко, 200 мл газирана вода, 50 г путер
ПОСТАПКА: Во подлабок сад изронете го сирењето со виљушка, додајте го киселото млеко и 4 јајца. Сипете 100 мл газирана вода и лромешајте со лажица или виљушка додека сите состојки да се изедначат.
Плехот премачкјате со растопен путер на дното и страните. Одвојте половина од корите (11 кори), и остатокот (250 г) тргнете го настрана. На дното ставете еден лист, да се покрие целата површина на плехот. Потоа поставете уште 4 листови, по еден на секоја страна, така што со половината да излегува надвор од плехот.
Наросете растопен путер. Остатокот од 250 г кори свиткајте ги во ролат, па исечете ги на тенки ленти (прстени). Растресено поставете еден слој од „јувките“/лентичките (една половина) во внатрешноста на плехот, а врз нив рамномерно распоредете малку од филот (1/5).
Поклопете ги сите кори што висеа од четирите страни, една по една, за да се покрие филот. Одозгора наросете растопен путер. Рамномерно распоредете малку фил (1/5), врз него растресено поставете сечени лентички (1/2), а врз нив уште малку фил (1/5).
Врз овој слој наредете повторно 4 кори кои со половина излагуваат надвор од плехот. Наросете растопен путер. Распоредете фил (1/5), поставете една кора одозгора да се покрие сето. Наросете растопен путер.
Распоредете фил (1/5), па поклопете ги сите 4 кори кон внатре, да се покрие филот. Ставете една целосна кора одозгора и поднаместете ја кон внатре, како да местите чаршав на кревет. Исечете ја питата на коцки или триаголници, по ваша желба.
Одозгора залијте ја питата со 100 мл газирана вода. Настрана измешајте 10 г растопен путер со едно јајце, па премачкјате ја питата одозгора. Ставете да се пече 50 минути во претходно загреана рерна на 190 степени, или додека убаво да зарумени.
Оставете неколку минути да подизлади, па повторно исечете ја на претходните засеци и послужете ја топла (а вкусна е и ладна). Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.