Потребни состојки:

150 г путер или маргарин

200 г чоколадо

2 лажици мед

200 г шеќер

100 мл кока кола

75 г крупно сечкани ореви

75 г крупно мелени бадеми

200 г мелени бисквити

За глазура:

100 г чоколадо

3 лажици масло

Постапка:

На тивко растопетете го путерот со чоколадото, шеќерот, медот и кока колата. Полека мешајќи сите состојки ќе се спојат и растопат.

Во смесата додадете лешници, бадеми и бисквити.

Добиената смеса разлејте ја тријаголен калап во кој претходно сте ставиле проѕирна фолија за полесно да се извади колачот од калапот.

Калапот ставете го во фрижидер или замрзнувач за да се стегне смесата што побрзо.

Извадете го колачот од фолијата и одозгора прелијте со чоколадна глазура. Кога и глазурата ќе се стегне, колачот можете да го сечете на тенки тријаголничиња.

Од оваа смеса ќе добиете два плеха од овој колач, а мојот е со должина од 35 см.