Цитронот е познат како антиоксидант и по своето антибактериско делување.
Богат е со витаминин Ц, а содржи и витамини: А, Б, Д, Е, како и калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо.
ЧУДЕСЕН ЕЛИКСИР ЗА УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ
Потребно:
-Еден голем зрел цитрон
-Една лажица мед, (според вкус)
Цитронот, по можност студен (од фрижидер), исечете го на половина и со лажица извадете му ја пулпата.
Пулпата од цитронот и медот ставете ги во блендер и миксајте додека сокот да се изедначи. Готово!
Овој чудесен еликсир содржи во себе корисни елементи и тоа:
1.Пектин, кој допринесува за ефиксно излачување на вишокот холестерол (ако секојдневно јадеме цитрон, лошиот холестерол ќе се намали за 15,5%, а триглицеридите за дури 27%, покажуваат бројни истражувања), го намалува нивото на инсулин во крвта и го нормализира метаболизмот.
2.Ликопен, кој помага во борбата со токсините и штетните материи во организмот.
Неколку голтки од овој еликсир, после ручек (почекајте 20-тина минути по оброкот), во состојба е да согори речиси половина од калориите кои сте ги внеле со јадењето.
Цитронот содржи бројни состојки кои помагаат во борбата против настинките, а докажано е дека спречува појава на поедини видови канцер и срцеви заболувања.
Сепак, имајте во предвид дека цитронот може да го засили дејството на некои лекарства, па доколку примате редовна терапија, консултирајте го вашиот лекар.
Доколку земате: лекови за намалување на притисокот, лекови за канцер, статини за срце, антидепресиви или антибиотици- одбегнувајте го цитронот.