Ќе ви откријам како јас ја правам традиционалната ТИРОПИТА со сирење. Вие можете да ја филувате со спанаќ или нешто друго по ваш вкус. Мојата тајна е во подготвката на тестото. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 кг брашно
550 мл вода
2 лажици маслиново масло
1 лажица оцет
1 лажица сол

За фил измешајте:
450 г ситно сирење
3 јајца
3-4 лажици кисела павлака
сол и црн пипер по вкус

За маснотија растопете:
200г путер или маргарин и
200 мл масло, па додајте
50 г брашно и мешајте да нема гртутчиња
гответе 1-2 минути додека да спласне пената.
*брашно се додава за да ја впие водата од путерот и да се раслојуваат поубаво корите без лепење.

ПОСТАПКА:

Подобра пита со сирење не сум јадела!

1.Во подлабок сад просејте го тестото и во средината направете бунарче. Сипете ги сите состојки освен маслото.

Промешајте, па на крај додајте го маслото. Тестото сипете го на работна површина и месете го 10-тина минути со растегнување, за да добие еластичност.

2.Потоа оставете го покриено да одмори 30 минути, по што треба да биде навистина еластично. Поделете го на 4 дела и обликувајте топчиња. Секое топче развлечете го со оклагија во кора со големина на чинија, како пити.

3.Питите ставете го намастен плех, а одозгора покријте ги со стреч-најлонска фолија, но така да не допира воопшто воздух до нив, како да се речиси вакуумирани.

Ова ќе овозможи тестото добро да омекне, а подоцна да се тегне. Оставете да одмори 20 минути.

4.Работната површина намастете ја, па секоја „пита“ тесто разтегнете ја постепено со рацете. Треба да добиете голема и многу тенка кора. Краевите кои вообичаено остануваат подебели отсечете ги со нож и отстранете ги.

5.Едната страна преклопете ја 10-15 см, намастете ја целата површина и распоредете надолжно од филот. Преклопете и полека со поттурнување свиткајте ролат. не го гмечете за да остане воздушест.

6.Ролатот пресечете го на половина. Постапката повторете ја и со преостанатите теста, а ролатите наредете ги во намастен плех.

7.Печете ја питата во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/IG8RWM9EEa4?si=-DPf0t7osb9_pQpb