Тирамису колачот е еден од најпосакуваните колачи кои никогаш не излегува од мода. Тоа се должи на неговит неодолив вкус, но и лесната и кремаста текстура. Секој залак од овој колач се топи во уста. Овој колач е познат по тоа што не се пече, па затоа е еден од омилените. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г пишкоти, 200 мл млеко (1 чаша). Зa кремот: 1 литар млеко (5 чаши), 40 г шеќер (2 лажици), 50 г пченкарен скроб (3 супени лажици), 1 кесичка пудинг со вкус на карамела (100 г), 15 г незасладено какао (1 лажица), 8 г инстант кафе (1 лажица), 50 г темно чоколадо. Ако пудингот е незасладен, додајте 2-3 лажици шеќер.
ПОСТАПКА: Во еден огноотпорен сад или калап за колачи, по можност правоаголен, започнете да ги редите пишкотите, претходно натопени во млакото млеко. Млекото може претходно да биде сосем малку загреано, но многу малку, да не биде врело, зашто ќе се распаднат пишкотите.
Ќе ви бидат потребни околу 20-тина пишкоти (1 пакетче), во зависност од големината на калапот. Секоја пишкота редете ја во садот малку подлегната на претходната. На овој начин редете ги пишкотите додека да исполните два еднакви редови по 9 пишкоти, потпрени една на друга.
Просторот во средина помеѓу пишкотите исполнете го со 1 цела пишкота и друга на половина, или според големината на вашиот калап поделете ги пишкотите, така што ќе се покрие целото дно на калапот. Потоа преминете на подготвување на кремот. Во тенџере сипете 1 литар млеко и додајте ги следниве состојки: шеќер, пченкарен скроб, пудинг од карамела, какао и инстант кафе.
Измешајте со жица или маталка и ставете го тенџерето на рингла додека пудингот да се згусне. Со повремено мешање, варете го пудингот неколку минути, по зовривање на смесата, на средна кон ниска температура, за да не ви загори.
Кога ќе ја добиете потребната густина, тргнете го тенџерето од рингла и додајте го чоколадото искршено на коцки, па промешајте повторно да се растопи во врелиот пудинг.
Кога пудингот малку ќе се олади, прелијте го преку пишкотите и рамномерно распоредете го низ целата површина. Покријте го садот со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер минимум 2-3 часа за пудингот фино да се стегне. По изминатото време, пудингот може веднаш да го послужите, но претходно направете уште нешто.
Наросете малку какао (преку целдалка за чај на пример) како завршен слој врз оладениот пудинг кој ќе даде совршен ефект и изгледа многу декоративно. Потоа, пресечете го колачот на поголеми коцки и веднаш послужете го. Деталите погледнете ги ОВДЕ.