Тиквиците се многу здрав зеленчук и може да се јадат на најразлични начини. Единствена мана е што што можат да впиваат многу масло додека ги пржите, а сите знаеме дека похуваните, пржени тиквички се највкусни.
![]()
![]()
![]()
![]()

За среќа, имаме рецепт со кој се приготвуваат уште поубави похувани тиквички, а се печат во рерна. За нив ќе искористите многу малку масло за да добијат фина, крцкава тенка коричка. Исто така, во похувањето се обложуваат со сусам, кој дава одлична арома.

![]()
![]()
![]()
![]()

Едноставно, овој рецепт мора да го пробате. Брзи, здрави и вкусни тиквички од рерна, за кои ви се потребни само 4 лажици масло. Нема потреба да стоите долго пред шпорет и да ги пржите во длабоко масло. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 тиквички, малку сол, 2 лажици брашно, 1 лажица пченкарно брашно, 1 лажица лебни трошки (презла), 1 лажичка сол, ½ лажичка црвен зачински, пипер во прав, 2 јајца, сусам за наросување одозгора и 4 лажици масло





ПОСТАПКА: Тиквичките убаво измијте ги, па исечете ги на тркалца заедно со кората. Посолете ги и оставете малку да отстојат. Во посебен сад ставете две лажици брашно, една лажица пченкарно брашно, една лажица лебни трошки, една лажичка сол, половина лажичка црвен пипер во прав и убаво промешајте за да се изедначат состојките.

![]()
![]()
![]()
![]()

Во друга чинија изматете две јајца со виљушка. Започнете го похувањето на тиквичките. Секое тркалце натопете го прво во изматените јајца, а потоа во мешавината од брашно и презла. Завршете со уште едно потопување во јајцата.

![]()
![]()
![]()
![]()

Вака приготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора наросете ги со сусам и со 4 лажици масло. Ставете да се печат во загреана рерна на 220 степени додека убаво да заруменат. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.












