Тиквички без масло…без бело брашно…без прашок за печиво…Само 3 состојки…Може да се јаде во слатка или солена варијанта…Еве што ви е потребно според рецептот на Славица Дошен Анѓелковиќ:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г рендани тиквички, без цедење
3 јајца
4 полни супени лажици палента/пченкарен гриз/мелени овесни снегулки
ПОСТАПКА:
1.Изматете ги јајцата, додајте рендани тиквички и палента, па промешајте.
2.Смесата излејте ја во плиткиот плех од рерна обложен со хартија за печење. Ставете во загреана рерна на 200 степени и печете 30-тина минути.
Добивате тенка пита, па можете да ја сечете на стапчиња или штанглички. Има неутрален вкус, па можете да ја премачкате со џем или крем и да ја јадете во слатка варијанта, или сирење за солена варијанта.
Овој одличен рецепт го претстави Славица Дошен Анѓелковиќ и многумина го испробаа и беа воодушевени. Во продолжение откријте уште еден рецепт за брза пита од тиквички, многу вкусна, крцкава и сочна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2-3 тиквички (700-800 г)
3 јајца
1 чаша кисела павлака 20%мм (180-200 мл)
2 лажици бело брашно
2 лажици пченкарно брашно
1-1.5 лажичка сол или по вкус
50-100 г сувомеснато по избор
150 г рендан кашкавал
црн пипер, оригано, сусам за посипување
ПОСТАПКА:
1.Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги 5-10 минути да го ослободат сокот.
2.Јајцата изматете ги и помешајте ги со киселата павлака. Додајте го брашното и соединете. Потоа додајте ги исцедените тиквички, ренданиот кашкавал и ситно сечкано сувомесното. промешајте.
3.Зачинете по вкус. Смесата излејте ја во тепсија бр.32 обложена со хартија за печење и печете во загреана рерна 220 степени, 35-40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.