Потребни состојки:

4 шолји од 200 мл брашно

2 лажици шеќер

½ лажица сол

2 лажици масло

500 мл млеко

11 г сув квасец (1 кесичка)

Постапка:

Тестото навистина многу едноставно се приготвува.

Спојте ги сите состојки во една хомогена смеса. Тестото што ќе го добиете се става во кеса, па во фрижидер да одлежи два часа.

Потоа тестото се вади од фрижидер и лесно за набрашнува (се валка во брашно).

Од ова тесто можете да приготвувате пирошки, лепињи или кифлички.

Може да се пече во рерна или да се пржи во масло.