Сивата боја е доволно неутрална за да носи во себе информации кои може да влијаат врз внатрешното расположение.

Белата боја носи многу моќна енергетика, црната целосно ја впива, а сивата останува хармонична и ненаметлива. Ако малку подобро погледнете, ќе сфатите дека на оваа слика бојата не е чисто сива, туку боја која содржи некоја одредена нијанса.

Во зависност од тоа како ја гледате оваа нијанса, вашата психичка состојба може да се толкува на различни начини. Нашата перцепција на исти работи може да се разликува после некое време.

Во овој момент вие можете да поминете низ овој тест, а потоа да го сочувате и да го пробате повторно за неколку денови и да го видите резултатот. Дали ве интересира?

Повторно погледнете го овој квадрат. Каква боја има? Независно од нијансите, вие ќе кажете една боја. Значи, зелена , сина или сива?

Дали одбравте? Ајде сега да дознаеме што означува во проекцијата на вашата личност:

ЗЕЛЕНА

Ако вам ви се гледа зелена боја, тоа е сигурно онаа темна боја на зелен бор. Вие сте, според мислењето на околината, многу друштвена и атрактивна личност.

Лесно остварувате “врски” со луѓето, без проблем доаѓате во контакт со било кој соговорник.

СИНА

Сината нијанса потсетува на длабок океан, на не сосем мирно море. По природа сте доста таинствена личност. Вам ви се потребни само неколку блиски пријатели за да се чувствувате добро и повеќе ништо не ви е потребно.

Во одредени ситуации можете да бидете неверојатно харизматични и шармантни. Повеќе сакате да ја трошите енергијата на рационални работи.

СИВА БОЈА

Ако нијансата лично за вас е монохромна, најверојатно во вашиот сегашен живот созреал конфликт. Или пак, во вашата душа се наоѓа некој непријатен талог, создаден од туѓи мислења и приказни кои ви ја реметат душата и со тоа ви предизвикуваат непријатност.

Може на два начини да се толкува вашата перцепција на сивата боја: негативно толкување ако во животот чувствувате реален стрес и неизвесност од моментната положба во која се наоѓате. Позитивната конотација може да се толкува како факт дека вие не сакате живот во облаци, туку прагматично и рационално гледате на секојдневниот живот.

Како што можете да видите, нашата психолошка перцепција може во голема мера да влијае на тоа како го гледаме светот околу себе. Треба да се напомене дека ниедна од овие интерпретации не се пресудни. Тие се пред се’, патоказ кон основата од која можете да ја коригирате едната или другата страна од животот.