Ако досега не сте ја оробале оваа пита, тогаш влезете в кујна и за час направете ја. Не треба да месите и да киснете тесто, туку тоа е полутечно, слично на тестото за палачинки. Правењето на оваа пита е како детска игра: излеј половина тесто во тепсија, потпечи, стави фил, па другата половина и пак допечи. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 450 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 500 мл вода, 1 чајна лажичка сол, 3 јајца, 500 мл млеко, 30 г путер. ЗА ФИЛ: 1 кг спанаќ (исчистен и ситно исечкан), 450 г свежо сирење (или урда), 2 лажички сол (или по вкус), 3 јајца, 2 супени лажици кисела павлака + уште малку за премачкување на питата одозгора
ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. мешајте со жица маталка и постепено додавајте ги останатите состојки: прво вода, мешајте и изедначете, па јајца, мешајте да се впијат, па на крај млекото.
Кога ќе добиете убаво и мазно тесто без грутчиња, по конзистенција слично на тестото за палачинки, тргнете го малку настрана додека ја загревате тепсијата. Ставете во путер, па загрејте ја неколку минути во рерна колку да се растопи путерот и да се загрее тепсијата.
Кога путерот ќе се растопи (внимавајте да не ви изгори), извадете ја внимателно тепсијата, па со помош на кутлача рамномерно излејте половина од тестото. Вратете ја во загреаната рерна на 250 степени да се потпече кората 10 минути.
За тоа време подгответе го филот: едноставно измешајте го спанаќот, сирењето, јајцата и посолете по вкус, во зависност од соленоста на сирењето. Потоа повторно извадете ја тепсијата од рерна, па врз кората рамномерно распоредете го филот од спанаќ.
Вратете во рерна да се потпече уште 10-15 минути, исто така на 250 минути. Потоа извадете ја тепсијата и врз спанаќот залијте го остатокот од тестото. Вратете во рерна уште 10 минути на 250 степени.
После 10 минути премачкјате ја питата одозгора со путер и вратете ја уште неколку минути или додека убаво да зарумени одозгора. Кога е готова извадете ја од рерна, премачкјате ја во тенок слој со кисела павлака, прекријте ја со алу-фолија и после 10 минути послужете ја. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.