Најдобриот рецепт за ТЕЛЕШКА ЧОРБА…Повкусна од сите досега што сте ги пробале…Вкусна чорбичка полна со хранливи материи. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

450 г телешко месо
2 моркови
2 компири
1 кромид
1 пашканат
½ китка магдонос
корен и лист од целер
сол, црн пипер во зрно, ловоров лист

запршка со вода:

2 лажици брашно
1 лажичка црвен пипер

и уште:

1 жолчка
100 мл неутрална павлака за готвење или обична кисела павлака

Постапка:

Ситно исечкајте го зеленчукот и месото. Потоа во тенџерето додајте малку масло и кромид и оставете да се динста на тивок оган.

Кога кромидот ќе омекне, додајте го месото, па динстајте 15 минути на тивок оган. Кога месото ќе се запржи, додајте два литри вода.

Додајте го зеленчукот кој ситно сте го исечкале, ловоров лист и црн пипер во зрно, по вкус. Оставете ја чорбата да се вари околу два часа на тивок оган.

Направете запршка од малку брашно (може и пченкарно) и црвен пипер во прав со малку вода. Сето тоа измешајте го и додајте го во врелата чорба. Зачинете ја чорбата со сув зачин или со сол.

Оставете ја да крчка уште 10-тина минути. Додека чорбата врие, изматете го јајцето со неутралната павлака за готвење. Потоа додајте ги во чорбата и промешајте. Видеото на Бојана погледнете го ОВДЕ.