Некогаш беше задолжителен дел од секој ручек – чорба, а денес е нешто поретко на нашите трпези. Еве како можете да направите одлична чорба за своите најблиски и да биде подеднакво добра исто како од ресторан.
Телешката чорба може да се приготви и дома, но се чини дека е највкуна, токму во кафаните.
За добра чорба потребно е да се обезбеди квалитетно месо, од бут или врат, но и телешки коски кои даваат посебен вкус и јачина. Се вари со коренест зеленчук, а се послужува со изматена кисела павлака и жолчка.
Потребни состојки:
500 г телешко месо од бут или врат
1 главица кромид
1 китка зеленчук за супа (2 моркови, 1 пашканат, магдонос)
1 корен од целер
2 компири
100 мл масло
2 лажици брашно
200 мл кисела павлака
1 жолчка
сол, црн пипер, ловоров лист, малку магдонос
Постапка:
Кромидот ситно исечкајте го па издинстајте го на масло. Додајте го месото исечено на коцки (и коски доколку има), налејте вода да прекрие, па динстајте на тивок оган околу еден час.
Додајте зеленчук исечкан на коцки, зачинете со сол и црн пипер, па налијте околу 2 литри вода. Направете запршка од две лажици брашно, па сето заедно варете го уште околу половина час.
Пред сервирање во готовата чорба промешајте павлака со изматена жолчка од јајце и наросете ситно сечкан магдонос. По желба, телешката чорба може да се закисели со оцет или лимонов сок.