Фото и рецепт: Лилјана

Рецепт кој се чува од заборав.

Потребни состојки:

2 јајца
125 г путер/маргарин
250 г пченичен гриз
200 г брашно
2 ванилин шеќер
малку прашок за печиво
100 г шеќер
неколку половинки ореви
600 г шеќер
800 мл вода
1 лимон

Постапка:

Замесете тесто од јајца, омекнат путер, шеќер, гриз, ванилин шеќер и само малку прашок за печиво.

Смесата ќе биде малку помека па брашното додавајте го постепено за да добиете средно тврдо тесто.

Ставете да се свари шербетот од шеќер ,вода, ванилин шеќер и лимон исечен на тркалца. Варете 15 минути од моментот на вриење.

Од тестото кинете парчиња и формирајте топчиња со величина на орев и редете ги во намастен плех.

Врз секое топче притиснете половинка јатка од орев.

Ставете да се пече на 200 степени додека да заруменат.

Кога се печени извадете ги од рерна и оставете ги да изладат, па потоа прелијте со врел шербет и оставете да впијат.
Значи ладни татлии со врел шербет.