Татко ми има 65 години, се чувствува како 30! Јадете го ова еднаш дневно за здравје на цревата и зглобовите. Јадете и пијте ги овие два природни препарати и ќе се чувствувате подобро.
Ако сте чувствителни на некоја од состојките, не ги користете овие производи. Пред примена советувајте се со вашиот лекар. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г суво грозје
4-5 супени лажици семки од тиква
6 супени лажици ленено семе
100 г мед
1 лимон сосе кора
500 мл врела вода
ПОСТАПКА:
Добро исплакнете 100 г суво грозје и измијте го темелно. По можност користете органско кое не било третирано со хемикалии во текот на неговото одгледување или сушење.
Сувото грозје е извор на природни антиоксиданси, може да помогне во отстранувањето на слободните радикали од крвотокот и помага да се спречи оштетувањето на клетките.
Залијте го со 500 мл врела вода, покријте и оставете да отстои 30-40 минути.
Меѓу другото, ја подобрува циркулацијата на крвта во внатрешните органи на малата карлица, го намалува отокот и болката.
Сомелете 6 лажици ленено семе. Лененото семе е важен извор на селен, кој го спречува развојот на тумори, го чисти телото од тешки метали, го подобрува видот и активноста на мозокот. Семињата од лен се богати и со лецитин, кој е многу корисен за луѓето.
Измијте добро, избришете и изрендајте кора од 1 лимон. Рендајте го само жолтиот површински слој на ситно ренде и додајте во меленото ленено семе. Кората од лимон содржи голема количина на пектин.
Пектинот е вид на влакна кои го помагаат варењето, а помага и во контрола на тежината преку промовирање на чувството на ситост. Исто така, може да го намали нивото на шеќер во крвта, забавувајќи ја апсорпцијата на шеќер во крвта.
Сомелете ги семките од тиква и додајте ги во мешавината. Тие се ефикасен сојузник во борбата против заморот. Ќе ви бидат потребни 4-5 лажици семки од тиква.
Процедете ја инфузијата од суво грозје низ сито. Сочувајте ја течноста, а зрната сомелете ги и помешајте ги со останатите состојки.
На крај додајте 100 г мед. Добро промешајте за да се изедначи смесата и складирајте ја во соодветна тегла.
Во процедената инфузија (чај) од суво грозје додајте сок од 1 лимон. Пијте по 100 мл 3 пати на ден. Јадете од смесата трипати на ден, по 1 лажиче, на гладно половина час пред секој од главните оброци. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.