Овој рецепт за колач ретко кој го знае и кај нас не се наоѓа по слаткарниците. Според комбинацијата на состојките можеби ќе ве потсети на „трилече“, но има помазна текстура, и според мене, е повкусно. Има карамел и вкус на ванилин пудинг.

Колачот е многу сочен и вкусен, најубав е кога ќе си го подготвите домашен. Во продолжение може да го прочитате најлесниот рецепт за овој колач, без кондензирано млеко. Ова е најлесната верзија. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 70 г шеќер, 20 мл вода, 15 мл топла вода, 4 јајца, 2 жолчки (белките се служат на крај како декорација), 60 г шеќер, 420 мл млеко, 1 лажичка екстракт од ванила. И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 100 г неутрална павлака павлака, 5 г шеќер, 1/2 лажичка екстракт од ванила.




ПОСТАПКА: Во едно помало тенџере ставете 70 г шеќер и прелијте со 20 мл вода. Измешајте ги состојките накратко, па ставете го тенџерето на рингла, која треба да биде вклучена на ниска температура. Кога шеќерот ќе се растопи (без мешање) и смесата малку ќе потемни, тргнете од рингла. Важно е смесата да остане течна, да не биде многу згусната.




Во тенџерето додајте 15 мл топла вода и веднаш покријте го со соодветен капак. Ќе почне да крчка, па по неколку минути тргнете го капакот и малку протресете го (не го мешајте). Во еден помал правоаголен калап за торта (огноотпорен) излејте го карамелот и распоредете го на дното од калапот.




Во едно тенџере ставете го млекото, па додајте 10 г шеќер и 1 мала лажица ванилин екстракт. Измешајте ги состојките и ставете го тенџерето на рингла. Со повремено мешање гответе додека шеќерот да се растопи, а млекото да зоврие. Потоа тргнете го тенџерето од ринглата. Во еден подлабок сад скршете ги четирите јајца и додајте две жолчки. Двете белки изматете ги во цврст снег и зачувајте ги за декорација.




Изматете ги јајцата со кујнска жица/маталка, па додајте 50 г шеќер и енергично соединете додека шеќерот да се растопи. Млекото излејте го во жолчките, кое треба да биде малку оладено, добро промешајте, па смесата процедете ја во друг сад. Потоа излејте ја во калапот со карамел, повторно процедена. Значи се процедува на двапати.




Садот ставете го врз друг поголем сад и околу него сипете малку врела вода. Покријте со алу-фолија и печете во претходно загреана рерна на 150 степени, околу 45-50 минути. По изминатото време, оставете колачот да се олади во фрижидер преку ноќ за дополнително да се стегне. Следниот ден, внимателно превртете го колачот на рамна чинија. Кога ќе се излее течноста од карамелот кон дното на чинијата, ќе се лизне целиот колач. Бидете внимателни да не ви се распадне.




Колачот се сече на помали парчиња со дебелина по ваша желба и се послужува декориран со шлаг. Шлагот може да го направите од белките или од состојките со неутрална павлака, шеќер и ванила, изматени.

Коментар на Криштика: „Мојот колач е во фрижидер во моментов. По печењето 50 минути на 150 степени, сè уште беше течно, па го печев дополнителни 30 минути на 200 степени. Претпоставувам дека ова зависи од рерната. Утре ќе го уредам коментаров за да ве известам како излезе.“




Продолжение: „Ова е неверојатно. Ова е најдобриот „флан“ што сум го направила. Малку повеќе се разлеа кога го превртев, но успеа дури и да ја задржи својата правоаголна форма. Јас користев алуминиумски калап. Лесно се откачи од него. Нивото на сладост е исто така совршено, имајќи предвид дека моето семејство не сака слатки работи. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.