Доктор Игор Орлов на светската јавност и откри еден многу едноставен метод кој е достапен апсолутно на сите, а кој помага да се елиминира подуеноста, да се стопат вишокот килограми, да се нормализира метаболизмот и да се намали нивото на шеќер во крвта.
“За да се ослободите од едемите и да го елиминирате вишокот течности во телото, постои докажан древен и многу едноставен начин” – вели Игор Орлов, невролог, автор на методот за лекување “Прекумерна тежина и корегирање на однесувањето во исхраната”.
Меѓу другото, доктор Орлов е киропрактичар, рефлексолог од највисока категорија, автор на неврохируршки методи за корекција на лице и тело и специјалист по традиционална кинеска медицина.
Неговото работно искуство е повеќе од 30 години, а го стегнал ширум САД, Куба, Полска, Кина и Индија.
За да се ослободите од едемите, доктор Орлов препорачува пиење на топла вода во текот на целиот ден. Но, запамтете дека водата треба да се пие на празен стомак – а тоа значи дека мора да ја испиете 10 до 15 минути пред оброкот.
Приготвувањето на водата е многу едноставно: загрејте ја во ѓезве или тенџере, ставете ја во термос и пијте ја во текот на денот по потреба. Колку температурата на водата е повисока, толку подобро. Но, не смее да биде премногу врела за да не се изгорите.
Топлата вода се пие во мали голтки. Овој метод можете да го користите кога сте гладни, а сакате да го сузбиете апетитот. Ако сакате да јадете, пред оброкот испијте неколку голтки топла вода.
За да исчезне подуеноста и тоа доста забележително, потребно е редовно да пиете топла вода и тоа најмалку три до четири дена. Овој метод делува и врз бубрежните болести, ги лекува и спречува појава на сериозни болести.
Со редовно консумирање на топла вода се нормализира метаболизмот, се намалува шеќерот во крвта и помага во слабеењето.
Ако редовно пиете топла вода, количината на урина ќе се зголеми, а нејзиниот состав ќе се менува. Урината ќе стане поконцентрирана, може да се случи да има непријатен мирис што ќе укажува на тоа дека телото почнало да се чисти.
Напомена: Овие совети се само насока. Ако имате сериозни здравствени проблеми, задолжително јавете се на лекар.