Потребни состојки:
3 јајца
120 г бело или црно чоколадо
120 г крем сирење
Постапка:
Најпрво вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени.
Чоколадото растопете го на пареа, додадете крем сирење и сето промешајте го. Тргнете ја смесата од пареа и додадете три жолчки.
Од белките изматете цврст снег, а потоа третина додадете во смесата од чоколадо и сирење, па внимателно замешајте да се соедини.
Повторете ја постапката уште двапати додека да го потрошите снегот од белки.
Калапот за печење обложете го со масна хартија и излејте ја смесата. Калапот ставете го во плех за печење во кој претходно сте ставиле врела вода, па печете на 170 степени околу 15 минути, а потоа уште 15 на 160 степени.
Кога колачот е готов, исклучете ја рерната, но колачот се’ уште не го вадете од рерна во следните 15 минути. Разладете го пред послужување и наросете одозгора шеќер во прав.