Рецепт според светогорските монаси
Потребни состојки:
6 лажици џем од кајсии
10 лажици шеќер
1 кесичка цимет во прав
1 лимон – рендана кора
1 портокал – цеден сок
1 лажица прашок за печиво
500 г брашно
250 мл млака вода
1 рака сечкани ореви
1-2 раце суво грозје
за премачкуавње: џем од кајсии
150 г црно посно чоколадо
Постапка:
1.Џемот и шеќерот изматете ги додека да добиете еднолична смеса. Во смесата додадете малку вода, цимет, рендана кора од лимон и сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, додавајте брашно помешано со прашок за печиво.
2.Добро соединете со миксер и смесата истурете ја во тефлонски плех (или обичен, обложен со хартија за печење). Ако е потребно со вашите раце израмнете ја површината да миде мазна и рамна. Се пече во умерено загреана рерна околу 25-30 степени.
3.Додека е топол колачот се премачкува со 3-4 лажици џем од кајсија, па се прелива со растопено чоколадо (во чоколадото може да додадете и малку масло).