Света Марија се родила во местото Магдала, од племето Исахарово, па оттаму го добила името Магдалина. Претходно во себе носела седум з ли духови, од кои ја о слободил Господ Исус и ја оздравел.




За време на Неговиот земен живот, таа му била верна следбеничка и служителка. Стоела под Крстот на Голготата заедно со Пресвета Богородица и тажеа заради стра-дањата на Божјиот син.




По Неговата с мрт трипати го посетила Неговиот г роб, а кога Господ воскреснал, Го видела двапати. Првиот пат кога тоа се случило, таа била сама, а вториот пат била во друштво со други жени Мироносици.




Света Марија Магдалина патувала во Рим, го посетила кесарот Тибериј и кога изглегла пред него, му принела црвено обоено јајце и го поздравила со зборовите: „Христос воскресна!“




Поради осознаената вистина, кесарот ја ислушал Света Марија и го обвинил Пилат за неправедната осуда на Господ Исус. Поради нејзиното обвинение тој го преместил Пилат од Палестина во Галија, каде завршил во тешка болест.




Од Рим, Света Марија Магдалина се вратила во Ефес кај Свети Јован Богослов, на кој му помагала во проповедањето на Евангелието. Со огромна љубов кон воскреснатиот Господ таа го проповедала евангелието, како вистински Христов апостол.




Светицата мирно се yпокоила во Ефес и според преданието, била погpебана во истата пештера во којашто биле чудотворно успиени во стогодишен сон Седумте отроци, а потоа и ожи-веани, па повторно ум-рени.




Моштите на Света Марија Магдалина подоцна биле пренесени во Цариград, а во близина на Гетсиманската градина денес се наоѓа еден прекрасен руски храм кој е посветен на оваа светителка.




СВЕТО ЕВАНГЕЛИЕ според Свети Лука 8:1-3 1

Потоа Он одеше по градовите и селата, проповедајќи го царството Божјо, а со Него беа дванаесетте, и некои жени што беа излекувани од з ли духови и болести; Марија, наречена Магдалина, од која беа излегле седум д емони;




и Јоана, жената на Хуза, настојникот Иродов, и Сусана и многу други, кои Му служеа со своите имоти.