Сите знаат дека врската помеѓу снаа и свекрва може да биде комплицирана, но она што го направила мајката на младоженецот и тоа на неговата свадба, го запрепасти светот. Настанот кој за малку можеше да заврши трагично го опиша Кали, организаторот на оваа свадба.
Во видеото со наслов „грешка или саботажа“ што го објави на TikTok, таа опиша како мајката на младоженецот намерно се обидела да ја отруе невестата. Иако знаела дека избраничката на нејзиниот син има сериозна алергија на кокос, нарачала колачи посипани со оваа состојка, па дури и ги нудела на младата да ги проба.
„Подготовките започнаа според планот. Знаев дека невестата е сериозно алергична на кокос, а исто така беше запознаен и слаткарот кој ја правеше тортата. Бевме подготвени да започне свадбата“, вели Кали.
Но, за време на прославата забележала дека одеднаш почнале да прстигаат нова тура колачиња, покрај прекрасната венчална торта на три нивоа која веќе била испорачана. Кога прашала од каде се новите слатки, мајката на младоженецот рекла дека ги порачала за во случај да не останат без доволна количина.
„Добро, тоа навистина не е толку необично“, помислила Кали. Сепак, тука приказната добила необичен пресврт.
Свекрвата зела едно од колачите и и го дала на младата невеста, нудејќи и да го проба. Несреќната девојка немала поим за што се работи, па наивно зела едно и тукушто се спремала да го гризне кога „втрчал“ младоженецот.
„Мамо, знаеш дека е алергична“, извикнал тој, избегнувајќи катастрофа. „Во следните 15 секунди во салата владееше мртва тишина, никој не се осмели да зборува“, раскажува Кали во своето видео.
„Младоженецот ја гледаше мајка си со отворена уста. Невестата изгледаше апсолутно ужаснато и исплашено, а и јас ќе бев исто да бев на нејзино место“, раскажа Кали.
„А мајката на младоженецот, која буквално се обиде да ја отруе својата идна снаа, ни најмалку не се потресе. Таа само ги крена рамениците, се сврте и си замина“. Потресен од нејзиното однесување, младоженецот целосно изгубил контрола и почнал да вика.
„Ти си ужасна личност, никогаш не ја поддржуваше оваа врска, ова е дното, дури и за тебе. Можеше да ја испратиш во болница.
Таа буквално можеше да доживее анафилактичен шок“, викал тој по мајка си, иако тоа очигледно не ја вознемирувало. Малку подоцна таа станала и ја напуштила свадбата и за среќа бил избегнат фатален исход.
Видеото предизвика купишта коментари на оваа социјална мрежа, а коментаторите ја советуваа несреќната невеста „да бега што подалеку од тоа семејство ако сака да остане жива“, како и дека најверојатно свекрвата повторно ќе се обиде да направи нешто слично. Видеото можете да го погледнете ОВДЕ. Прочитајте повеќе ОВДЕ.