Една учителка од основно училиште раскажува за необичен настан:
„Навечер ми се привидуваа мртви луѓе, сонував крв како тече од таванот, по ѕидовите…вистински хорор – Ми се јавија страшни подочници и лицето ми посиве од ненаспаност, а не ми помагаа ниту апчиња за спиење. Мислев дека полудувам.“ – раскажува таа.
„…Еден ден додека пребарував низ шифоњерот по зимската облека зошто надвор застуде, под една кошула најдов чудно нешто, завиткан црн сомот со нешто наполнето и врзано со конец. Обично меѓу алиштата ставам лаванда и разни сапунчиња, но ова не ми беше познато. Затоа што брзав за на работа само го ставив во џеб, набрзина се облеков, па дури во кабинетот на работа го извадив пред колешката, за да видам за што станува збор.
Морав да употребам сила и ножици, но кога го отворив црниот сомот останавме шокирани со колешката, зошто пред нас се појавија црвени влакна од коса, шарени нокти и некаков прав. Косата веднаш ја препознав, како и ноктите. Косата одамна ја фарбам црвено, а исто така и ноктите секогаш ги мачкам во разни бои.
Колешката веднаш почна да вика во паника „Магија! Магија! Магија!“ и иако јас целата треперев од страв и нервоза, некако бев поприбрана и успеав да ја смирам. Превртев со очите зошто познати ми се празноверијата и приказните за мали деца, па оваа нејзина реакција ми беше претерана. Глумев рамнодушност, додека целата бев вознемирена.
Иако не сум по суеверието и не сакам да верувам во бабини деветини, ова што го видов пред мене не ме остави рамнодушна. Отидов во тоалет, ја фрлив содржината во ВЦ школката и пуштив трипати вода. Со овој чин малку се смирив, иако се’ уште ме копкаше од каде се појави тој црн сомот во мојот шкаф.
Само три дена порано, за викенд, ормарот го прередував. Ако имаше нешто чудно, сигурно ќе го видев. Во недела навечер на гости ни дојде свекрвата, и баш поради неа бидејќи е многу љубопитна и ми ја проверува чистотата по домот, куќата ја превртев и генерално ја исчистив. Единствено што ми паѓаше на ум е дека тоа чудно нешто завиткано во црн сомот го оставила таа. Само не знаев, од каде нашла моја коса и нокти.“
Учителката понатаму раскажува дека вистината ја дознала дури после 18 месеци. А она што и се случувало во текот на тој период било страшно:
„…Од тој ден, што можеше да тргне лошо – тргна, од лошо полошо. Дома почнавме за глупости да се караме, се обвинувавме еден со друг, еднаш дури и шамари летаа, а потоа извинувања и изјави на љубов, а после пак физички пресметки. Се почесто размислував на развод, а проблемите од дома ги носев и на работа. Не сакав ни да работам ни да живеам. Се’ ми беше смачено.
Тогаш мојата најдобра пријателка и колешка ме потсети на она што го најдов пред повеќе од година и половина и ми сугерираше дека моите проблеми се најверојатно причинети од црна магија. Одлучно негирав било што од тој тип и отворив боледување зошто станав анксиозна. Не сакав да ја обвинувам свекрвата бидејќи сметав дека тоа е прекрасна личност освен што сака во се’ да си го пика носот и се’ ја интересира, за друго немав забелешки.
Набрзо станав фобична од се’ и сешто. Се плашев да излегувам од дома зошто ме плашеа кучиња, мачки, ме плашеа автомобили, не можев да поминам улица, ме плашеа дури и луѓе… очигледно е дека полудував. Само се клукав со седативи.
Тогаш колешката ме собра малку и ми одржа лекција: „Те чекаат учениците, не можеш вечно да го преседиш животот дома“, а јас за да не ја плашам повеќе од што беше исплашена, и премолчав дека навечер гледам мртовци и сонувам постојано страшни работи, крв насекаде како теше од таванот и по ѕидовите…
Колешката на своја рака отишла кај видовита исцелителка. Таму ја дознала вистината за сверква ми и ми рече: Запамти, не е вината во тебе. Што и да направиш – таа нема никогаш да те засака ниту да те прифати. Додека е жива таа ќе направи се’ за да ти напакости и да ти наштети“. Ми откри многу работи за кои само јас знаев и работи за кои не знаев. На пример, дознав дека свекрва ми ја потплатила девојката која доаѓа еднаш месечно да ми чисти за да дојде до моја коса и нокти и друг „материјал“ потребен за правење на црна магија.
Првпат тогаш поверував во црна магија и вештичарење, а на мојата пријателка ќе и бидам благодарна до гроб зошто не се откажа од мене. Веднаш штом започнавме со третманите јас се чувствувам подобро… сега сите карти се мои раце – учителката ја завршува својата приказна.