Зад овој колач стои голем напор на пробни и неycпешни обиди да го доловам вкусот што по 13 пат успеав. За некој неcpеќа, а за мене голема среќа бидејќи успеав да ја придобијам свекрва ми да ме заcaка. Таа е многу пребирлива и секогаш јаде само cтpиктно неколку јадења кои само таа знае да ги зготви како што сака.




После многу обиди, успеав да ја изненадам пријатно со нешто што во позадина има макотpпен процес на подготовка, додека да го откријам вистинскиот рецепт. И секогаш се шегувам: „Штом свекрва ми го јаде овој колач, на сите им е убав“. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 750 мл млеко, 2 пудинзи од ванила, 5 лажици шеќер. ЗА КОРА: 1 јајце, 250 мл млеко, 50 мл масло, 10 лажици шеќер, 10 лажици брашно, 1 лажичка какао, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер. ЗА КРЕМОТ: 200 мл слатка павлака, 2 шлаг креми, 1 лажичка шеќер, мелена плазма и чоколадни топчиња за декорирање.




ПОСТАПКА: во едно тенџере ставете 3 чаши по 250 мл млеко. Додајте ги кесичките со пудинг од ванила и 5 лажици шеќер. Со повремено мешање гответе на умерена температура додека да направите класичен пудинг, како што секогаш подготвувате. Кога пудингот ќе згусне, тргнете го тенџерето од рингла и оставете настрана да се излади.




ЗА КОРА: во сад скршете едно јајце и малку разматете го со жица/маталка да се разреди. Додајте 250 мл млеко, 50 мл масло, 10 лажици шеќер и изматете ги состојките до соединување. Јајцето и останатите состојки кои вообичаено се чуваат во фрижидер треба да отстојат минимум 1 час на собна температура пред подготвување на колачот.




Потоа додајте го брашното, какаото и ванилиниот шеќер и убаво соединете ги состојките додека да се направи мазна, чоколадна смеса која нема грутчиња. На крајот додајте го и прашокот за печиво. Смесата се меша во 1 правец додека да се разреди како стопено чоколадо.




Плех со димензии 20х30 см обложете го со хартија за печење и излејте ја смесата која ја подготвивте. Пред да ставите на печење, црпете го ладниот пудинг со лажица и додавајте го насекаде низ чоколадната смеса.




Ова е тајната на кремастиот вкус. Малку промешајте со лажица и печете во претходно загреана рерна на 220 степени додека убаво да се испече однатре, а потоа оставете да се олади.




ЗА КРЕМОТ: слатката павлака изматете ја со кесичките шлаг и шеќерот додека да се направи цврст шам. Може да додадете ванилин екстракт во шлагот. Потоа ставете уште 50 мл млеко (опционално) и направете убавкрем.




Кремот се премачкува врз превртениот колач на рамната страна која се печела одоздола. Кремот убаво се измазнува со шпатула, а одозгора се декорира со мелени бисквити, а како што ќе сечете парчиња од колачот на средина ставете по 1 чоколадно топче. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.