Оваа салата дефинитивно мора да ја пробате, многу е добра, вкусна, декоративна, а одговара како прилог со секое печено месо…

Потребни состојки:

2 варени јајца
200 мл кисела павлака
2 чешниња лук
1 лажичка благ сенф
сол и црн пипер по вкус
свежо сечкан магдонос
малку масло
салата од цвекло од тегла
1 зелена пиперка ситно исечкана
може, но не мора, маслинки по желба

Постапка:

Цвеклото од тегла исечкајте го на тенки ленти. Количината вие сами одредете ја според потребите, а јас искористив половина тегла.

Јајцата сварете ги и излупете ги, па исечете ги на ситни коцки. Исто така и пиперката.

Лукот јас го сечкам многу ситно, вие ако сакате изрендајте го или како ви е полесно. Маслинките исто така исечете ги на ситни парчиња.

Сите состојки ставете ги во еден подлабок сад и соединете ги со киселата павлака.

Зачинете со сол и црн пипер, малку маслиново масло и магдонос, промешајте и украсете со варено јајце и зелена салата. Нема да се покаете, оваа салата е многу вкусна и декоративна.