Ова е стар рецепт од Германија кој го зајакнува имунитетот, спречува висок холестерол, го чисти исклучително ефикасно црниот дроб и спречува формирање камења во бубрезите. Рецептот е многу едноставен и неговиот ефект е неверојатен.
Потребни состојки: 4 нелупени лимони, ѓумбир долг околу 4 центиметри или две лажички рендан, четири големи главици лук, 2 литри вода.
Постапка: добро измијте четири лимони и потоа исечкајте ги на помали парчиња. Излупете го лукот и ставете го во блендер заедно со лимоните и ѓумбирот. Миксајте додека да добиете компактна смеса.
Потоа смесата истурете ја во тава или тенџере, додајте вода и непрекинато мешајте додека да зоврие. Кога ќе зоврие, веднаш тргнете го садот на страна, поклопете го и оставете го да се излади. Потоа процедете ја смесата добро низ газа или цедалка, а добиената течност складирајте ја во стаклени шишиња или тегли. Чувајте во фрижидер.
Употреба: пијте по една чаша секое утро пред појадок, а потоа по една чаша после секој оброк. Ова може да го повторувате две до три недели, со задолжителна пауза од седум дена после секоја недела. По неколку дена ќе бидете видно поодморни и ќе се чувствувате подобро.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.
Лимонот е глобално позната лековита билка и сите знаеме дека е добро да се кон-сумира во сиров облик, поради витаминот Ц. И чајот сварен од целиот лимон е исто така многу лековит, како што се лековити и другите билни чаеви. Меѓутоа, од нив се разликува по спе-цијалните лековити својства.
Има луѓе кои наутро наместо кафе пијат топла вода со лимон, што е исклучително добро. После месец дена секојдневно пиење на лимонада, добро е да се направи пауза од две седмици за да се одморат цревата. За оние со почувствителни стомаци, потребно е после секоја недела редовно пиење, да се направи една недела пауза.
Меѓутоа, за да ги искористиме сите лековити својсттва кои ги дава лимонот, најдобро е да го приготвиме на следниот начин:
Неколку лимони претходно добро измиени со сода бикарбона и ладна вода, пресечете ги на половина и прелијте ги со вода. Ставете ги на оган да зоврие, оставете да се варат пет минути, па исклучете го шпретот. Оставете ги лимоните во течноста додека таа полека се лади. Кога ќе излади течноста, процедете ја и засладете ја со мед.
Напитокот складирајте го стаклен сад и чувајте го во фрижидер. Секое утро пијте по една чаша на празен стомак.
ШТО ЛЕКУВА ВАРЕНИОТ ЛИМОН ВО ВОДА?
Поттикнува слабеење и топење на мас-ните наслаги; го зајакнува имунитетот; лекува настинка; го забрзува метаболизмот; ја поттикнува перисталтиката и празнењето на цревата; го подобрува изгледот на кожата; ги лекува акните. Најдобро е наместо кафе, секое утро да пиете од овој напиток. Разликата ќе ка забележите после само неколку денови.
ЛИМОН
Лимонот (лат. Citrus × limon) е име за дрво и плод од родот Citrus (фамилија Rutaceae). Тој е вид на мали зимзелени дрвја, со потекло од Азија. Елипсовидниот, жолт плод на лимоновото дрво се користи за кулинарски и некулинарски цели ширум светот, првенствено поради неговиот сок.
Пулпата и кората се користат за готвење и печење. Сокот од лимон содржи околу 5-6% лимонска киселина, со pH околу 2.2, давајќи му кисел вкус на сокот. Киселиот вкус на сокот го прави клучна состојка во разни видови на пијалаци и храна, како што се лимонада и колач од лимон.
Лимонот е богат извор на витамин Ц, со тоа што 100 грама задоволуваат 64% од дневните потреби. Меѓутоа, другите есенцијални хранливи материи се со занемарлива содржина. Лимонот содржи бројни фитохемикалии, вклучувајќи полифеноли, флавоноиди, органски киселини, терпени и танини.