Фото и рецепт: Маја Митиќ
ЕДНОСТАВНО И ВКУСНО
Потребни состојки:
Суви пиперки од низа, може и лути или мешани
5-6 јајца
Малку масло, сол
Малку урда по вкус
Постапка:
Се варат сувите пиперки во вода. Кога се сварени се цедат па се сечкаат.
Пиперките се пропржуваат во масло, па се додаваат 5-6 матени јајца, па се допржува со јајцата.
Се зачинува по вкус.
Коментар: „цел живот да ми го даваат да го јадам – ќе го јадам и нема да здосади, само по можност малку да е лутко!“
Фото и рецепт: Маја Митиќ
Од Македонска кујна – некогаш и денес