Фото и рецепт: Лазаревиќ Гоца – пудинг од ванила.

Потребни состојки: 200 г ориз, 1 литар вода, 500 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила, 10 лажици шеќер и 1 кесичка цимет или по вкус.

Постапка: оризот измијте го со ладна вода, па ставете го во тенџере заедно со водата на оган додека да зоврие.

Потоа намалете ја температурата и оставете го да се вари додека да набубри со повремено мешање. На страна измешајте го прашокот за пудинг, најпрво во помала количина за да нема грутчиња, а потоа додадете го и преостанатото млеко.

Кога оризот е пред крај со варењето додадете го разматеното млеко со пудинг, а потоа и шеќерот. Почекајте млекото малку да проврие, промешајте и тргнете на страна малку да излади, па полнете ги украсните чаши и послужете со наросен цимет одозгора.

Фото и рецепт: Лазаревиќ Гоца

СУТЛИЈАШ СО СЛАТКА ПАВЛАКА И БЕЛО ЧОКОЛАДО

Потребни состојки: 200 г ориз, 100 г бело чоколадо, 100 г суво грозје, 1 лажица мед, 200 мл слатка павлака, 400 мл млеко, 1 ванилин шеќер, кора од лимон за вкус.

Постапка: Оризот добро измијте го и ставете го да се вари со малку вода. Кога ќе проврие водата, додадете млеко и павлака, рендана кора од лимон и суво грозје.

Гответе на многу тивок оган околу еден час со повремено промешување. На крај кога ќе згусне додадете ванилин шеќер и бело чоколадо. Декорирајте по желба со сечкани бадеми или лешници и уживајте во вкусот!

СУТЛИЈАШ ЗА ПОЧЕТНИЦИ

Потребни состојки: 1 литар млеко, 1 литар вода, 4 филџани ориз, 4 филџани шеќер, 1 ванилин шеќер, (1 филџан = 60 грама)

Постапка: Сите состојки (ладни) измешајте ги во еден поголем сад. Ставете на оган и мешајте додека да зоврие. Намалете го огнот и потоа мешањето веќе не е потребно, само повремено. Варете на тивко околу 20-30 минути во зависност од оризот. Нема ниту да ви претече, ниту да ви загори.