СУСАМ САЛАТА СО СИРЕЊЕ, многу вкусна и обилна, заситува како цел оброк. Рецепт на Мој Колач. Едноставна за подготовка, а нема поубава и повкусна. Ја правам за ручек како цел оброк, а за прослави ја правам на 2-3 пати бидејќи секогаш ми бараат уште.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г пченка од конзерва или замрзната, 300 г димен врат, 10-тина кисели краставички со средна величина, 10 варени јајца, 500 г дробено сирење по ваша желба, 400 г кисела павлака, 200 г сусам, сол по потреба.




ПОСТАПКА: Киселите краставички треба да бидат со средна величина, не премногу мали. Доколку имате само мали, тогаш искористете повеќе. Згответе ги јајцата, изладете ги и излупете ги па потоа исечкајте ги на коцки.




Сувомеснатото исто така исечкајте го на коцки, како и киселите краставички. Пченката доколку не е варена, сварете ја, па процедете ја од сокот. Сусамот е потребно да го пропржите без масло, со постојано мешање додека да порумени, но бидете внимателни да не ви загори.




Дробеното сирење и киселата павлака измешајте ги во посебен сад да се соединат, малку посолете доколку е потребно. На пример, ако користите фета сирење, потребно е да додадете сол, а на овчо сирење нема потреба. Не заборавајте дека и во киселите краставички и димениот врат има доволно сол.




Измешајте ги јајцата, димениот врат, пченката, киселите краставички и сусамот. Потоа додајте го сирењето со павлаката и повторно се измешајте. Можете да си оставите 1 краставица, 1 јајце и малку сусам за декорација.




Врз салатата изрендајте јајце, наросете со сусам, а киселите краставички исечете ги на тенки траки и распоредете ги по желба. За декорација ќе ви бидат потребни уште 5 минути, но доколку немате време, овој чекор прескокнете го. Важно е да ја изладите салатата во фрижидер пред да ја послужите.




II РЕЦЕПТ: КРЕМАСТА ПИЛЕШКА САЛАТА СО СУСАМ. Потребни состојки: малку масло за да се пропржи сусамот, 150 г сусам, 750 г пилешко бело месо (пилешки гради), зеленчукова коцка за супа (коцката е за 500 мл вода).




ДРУГИ ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г корнишони (кисели краставички од тегла), 200 г мајонез, 400 г кисела павлака (или грчки, густ јогурт), ½ лажичка сол, ¼ лажичка црн пипер.




Сирењето убаво издробете го со виљушка. Јајцата изрендајте ги и додајте ги во издробеното сирење. Лукчето ситно исечкајте го, изрендајте го или пак, истолчете го, како ви е полесно или како сакате да се чувствува во салатата.

 




Сите состојки убаво измешајте ги и соединете ги со мајонез. Вадете топки со лажица и украсете со свеж магдонос. Салатата е многу вкусна, а нема некој кој досега не ми побарал рецепт, па затоа решив да ја споделам со вас.