СУСАМ САЛАТА – Како оброк или прилог со месо. Дали сте љубител на лесни и кремасти салати кои можат да бидат оброк или прилог на главното јадење.

Ако одговорот на ова прашање е ДА, тогаш сигурно оваа салата ќе ја обожавате. Сусам салата со тестенини – еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

180 г тестенини
250 г пилешки гради-салама
5 лажици сусам (истостиран/пропржен во сува тава колку да замириса)
5 кисели краставички
400 г милерам или кисела павлака
100 г мајонез
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

Сварете ги тестенините во солена вода (2/3 лажичка), 7-8 минути од моментот на зовривање. Сварените тестенини исцедете ги и оставете да се изладат.

Повремено промешајте ги да не се залепат и додека се топли ставете сосем малку путер да се растопи во нив и промешајте за да се распореди.

За тоа време краставичките исечкајте ги на ситни коцки и изрендајте ги пилешките гради/пилешка салама или нешто по ваш избор. Потоа додадете ги оладените тестенини, милерам или кисела павлака, мајонезот, сусамот и 1/3 лажичка сол.

Сè убаво измешајте и послужете или чувајте го затворено во фрижидер до сервирање. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.