Овој рецепт има душа, ме освои веднаш!

Потребни состојки:

800 г брашно
3 шолјички (од 100 мл) масло, вкупно 300 мл
2 шолји (од 200 мл) млеко или вода, вкупно 400 мл
10 г квасец
2 јајца
1 жолчка
3 лажички сол
3 лажички шеќер

За премачкување:

1 белка
100 г сусам
250 г путер/маргарин

Постапка:

Замесете тесто од брашно, активиран квасец, млако млеко или вода (и со вода излегуваат доста меки), масло, 2 цели јајца и една жолчка. Имајте подготвено две шолји (400 мл) млако млеко па постепено додавајте додека месите, колку што е потребно.

Тестото оставете да кисне околу еден час додека да го удвои својот волумен, па полека премесете го и поделете го на два еднакви дела.

сусам кифлички

Секој дел развлечете го во не многу тенок круг, исечете го на 8 тријаголници, филувајте по желба, па виткајте ги кифличките без да ги притискате.

Секоја кифличка премачкајте ја или натопете ја во изматена белка (со виљушка), па налепете сусам (со наросување) на неа. Вака подготвените кифлички редете ги ва намастен плех или обложен со хартија.

Дури кога сите кифлички ќе ви бидат готови, тогаш вклучете ја рерната на 200 степени и почекајте убаво да се загрее. Печете ги кифличките во загреана рерна околу половина час или додека да добијат убава боја.

Во оригиналниот рецепт е наведено дека врз секоја кифличка треба да се стави малку путер (вкупно 250 г), но јас не ставив зошто одбегнувам масно. Инаку така добиваат уште поубав вкус.

сусам кифлички