Рецепт и видео презентација на Мои Домашни рецепти: Сусам кифлички. Познати се уште и како “купус” кифли, печива со сусам во подобрена и поедноставна верзија. Запишете си го овој рецепт и израдувајте ги вашите најблиски следниот викенд.
Потребни состојки: 10 г сув квасец, 200 мл млака вода, 2 лажици шеќер, 200 мл масло, 200 мл млеко, 650 г брашно, 1 лажица сол, 200 г растопен путер, 2 жолчки, 2 белки за премачкување одозгора и сусам за наросување
Постапка: Во подлабок сад ставете 10 г сув квасец (една кесичка), 200 мл млака вода и 2 супени лажици шеќер, па промешајте да се растопи шеќерот. Оставете 10-тина минути на топло да се запени квасецот и да се активира.
Во активираниот квасец додадете 200 мл масло, 200 мл млеко и промешајте за да се изедначат состојките. Потоа додадете 650 г брашно и 1 супена лажица сол. Со рака убаво замесете додека состојките да се соединат во убаво мазно тесто кое не се лепи за ѕидовите на садот.
Оставете го покриено да стасува 90 минути. Откако ќе стаса тестото истресете го врз набрашнета површина и премесете го. Поделете го на две топки. Од секое парче со помош на оклагија развлечете голема тенка кора.
Во 200 г полурастопен путер додадете 2 жолчки и соединете ја смесата. Со половина од оваа смеса премачкајте ја едната кора преку цела површина (со другата половина – втората кора).
Кората свиткајте ја но не како ролат, туку со диплење, така што на крајот да добиете долгнавест правоаголник со широчина од 4-5 прсти. Потоа со остар нож сечете ги “купус” кифлите цик-цак во вид на триаголници, со околу 2 мм широчина при врвот (погледни видео). Истата постапка повторете ја и со второт тесто.
Вака приготвените триаголници редете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да стасуваат половина час. Потоа премачкјате ги со белки од јајце и обилно наросете ги со сусам.
Ставете ги да се печат во добро загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.