Колку и да се трудиме, некако како да не можеме да се ослободиме од црната мувла во бањата. Овие грди црни дамки главно се јавуваат на фугите од плочките и на рабовите од кадата и претставуваат непријатен естетски, односно хигиенски проблем кој не е безопасен по здравјето, особено ако се прошири и на другите делови од станот.

 

БАЊА- ГЛАВЕН РАСАДНИК НА МУВЛАТА

Бањата претставува вистински расадник на мувла бидејќи е влажна, топла и без доволно воздух. За да го спречиме создавањето на мувла, мораме прво да ги промениме условите: отворете малку подотворен прозор или барем подотворена врата додека се туширате, доколку тоа е возможно.

Ако немате прозор во бањата, после туширањето користете овлажнувач за воздух или вентилатор кој е добро да се вклучи дури и тогаш кога не ви се замаглило огледалото, бидејќи и тогаш е присутна влагата во вашата бања.

1.Секојдневна грижа

Немојте да си помислувате дека успешно ќе се одбраните од мувлата ако секојдневно ги полирате плочките во бањата. Тоа е макотрпна работа, а да бидеме искрени, ретко кој има време секојдневно да се затвора во бањата и да одвојува по еден час за темелно чистење. Меѓутоа, некои секојдневни навики можат да помогнат:

-при секојдневното туширање се случува да оставите остатоци од шампонот, масла или кремови за тело. Веднаш отстранувајте ги.

-мокрите пешкири сушете ги надвор од бањата

-завесите на кадата или од туш кабината е најдобро да бидат од синтетички материјал кој многу помалку впива влага.

2.Крпи и вода

Начинот на кој ќе се борите со мувлата, многу зависи од тоа колку ја има и колку е долго присутна. Ако пред вас стои голема работа, најдобро е да одберете средства за чистење кои содржат помал процент опасни хемикалии, за што помалку да вдишувате од нив. Искусните истакнуваат дека вашето најефикасно оружје е всушност водата и крпите со микровлакна кои имаат голема моќ за впивање.

Секако, за успешно чистење на аглите, најдобар избор е некоја стара четка за заби, додека некои препорачуваат специјални сунгери за чистење.

3.Избелувачи против непријатни црни дамки

Доколку триењето не покажува резултати, тогаш најдобро решение се избелувачите. Три делови вода помешајте со еден дел избелувач, или купете било какво средство за остранување дамки кое содржи мал процент избелувач.

Ако ни овој метод не покаже резултат, посегнете по некој посилен концентрат. Само внимавајте- никогаш не комбинирајте два различни производи (на пример, амонијак и избелувач), бидејќи може да предизвикате хемиска реакција при која се ослободуваат силни испарувања кои се опасни по животот!

И парниот чистач е добра идеја, посебно со додаток на четка со чија помош можете полесно да се ослободите од мувлата.

Супер трик

Ако сакате да се ослободите од црните дамки а притоа да не го оштетите силиконот, обидете се со овој трик.

За тоа ќе ви биде потребно:

 -памук

-било кој избелувач за алишта

Од памукот направете ролнички со околу 1 см во дијаметар. Натопете ги со избелувачот (притоа задолжително користете ракавици!) и ставајте ги директно на силиконот заразен со мувлата.

Малку притиснете и оставете така да преноќи. Вратата од бањата затворете ја за да не се шири мирисот и внатре во дугите простории.

За чистење на евентуалните остатоци користете стара четка за заби.

Вашата бања ќе биде како нова!