Супеp колач за 10 минути…Изматете ги состојките и филот сипете го врз пишкотите…И уживајте…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г пишкоти
150 мл кафе
250 мл слатка павлака
300 мл млеко
100 г шеќер во прав
10 г ванилин шеќер
2 кесички ванила шлаг крем
какао за посипување одозгора
ПОСТАПКА:
1.Натопувајте ги кратко пишкотите (неколку секунди) во ладно кафе и наредете ги во калап.
2.Слатката павлака, млекото, шеќерот во прав и кремот во прав соединете ги во еден сад и пенасто изматете ги додека да добиете фин крем.
3.Сипајте го кремот преку пишкотите, израмнете и одозгора посипете какао низ сито. Оставете го колачот да се олади најмалку 2 часа пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.