Рецепт и видео презентација на Гала Фуд (gala Food): Супер брза пита со сирење.
Се приготвува прелив од јајца и кисела павлака, а корите се наросуваат со сирење, се виткаат како армоника и се редат во плехот. Се прелева со смесата и се пече. Побрзо од ова не може!
Потребни состојки:
3 јајца, 150 мл кисела павлака, 2 лажици масло, 2 лажици брашно, 1 лажичка сол, 250 г готови кори, масло за прскање на корите, ситно дробено сирење
Постапка:
Во подлабок сад со маталка измешајте 3 јајца, па додадете 150 мл кисела павлака и убаво соединете. Во смесата додадете 2 лажици масло, 2 лажици брашно и 1 лажичка сол. Убаво промешајте додека да добиете изедначена смеса. Отворете ги корите.
Секоја кора испрскајте ја со по една лажица масло и наросете малку дробено сирење. Потоа кората соберете ја во фалти (погледни видео) и ставете ја во намастен плех со димензии 25х25 см или слични димензии (најдобро според величината на корите).
Постапката навистина брзо оди. Кога ќе ги потрошите сите кори и ќе ги наредите во плехот една до друга, одозгора рамномерно прелијте ги со претходно приготвената смеса.
По желба наросете сусам и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.