Испробајте ја оваа пита со тиквички и сирење од готови кори подготвена со најбрзиот рецепт. Оваа вкусна пита секој може да ја направи, а толку многу е вкусна што ќе стане редовна на вашето мени. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 мали тиквички, 275 г сирење, 200 мл кисела павлака, 2 јајца, 500 г готови кори, сол, 50 мл масло, 100 + 100 мл газирана вода
ПОСТАПКА: Тиквичките излупете ги и изрендајте ги. посолете ги со 15 г сол и промешајте. Оставете ги 10-тина минути да ја ослободат течноста. За тоа време во друг сад помешајте ги јајцата, сирењето и киселата павлака, па посолете со 5 г сол.
Низ раце исцедете ги тиквичките и додајте ги во смесата. Промешајте и филот е готов. За премачкување на корите: во сад помешајте 50 мл масло. Со две лажици масло премачкјате го плехот (со средна големина) во кој ќе ја печете питата.
ФИЛУВАЊЕ: Земете две кори, премачкјате ја горната кора со мешавината од масло и газирана вода, па распоредете фил. Свиткајте во ролат. Вака приготвените ролати редете ги во плехпт со преклопот долу.
Во смесата со која ги премачкувавте корите додајте уште 100 мл газирана вода и одозора премачкјате ја питата. Поминете неколкупати со четката за да се натопат готните кори и да омекнат.
Питата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени со вентилатор (200 степени без вентилатор), вкупно 40-тина минути. После 15 минути од печењето извадете ја фолијата и продолжете со печењето.
Готовата пита оставете ја малку да подизлади, па послужете ја. Има предобар вкус, корите крцкаат, а внатре е сочна. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Следно прочитајте: „ВАКА СКОПЈАНКИТЕ ПРАВАТ ПИТА СО ТИКВИЧКИ: Испробајте ја зашто навистина е одлична“ – ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
ВАКА СКОПЈАНКИТЕ ПРАВАТ ПИТА СО ТИКВИЧКИ: Испробајте ја зашто навистина е одлична