Потребни состојки:

450 г брашно

1 сув квасец

300 мл млака вода

малку сол

Постапка:

Брашното ставете го во подлабок сад за месење, во него направете дупче каде ќе го истурите квасецот, а сол ставете околу, не директно во квасецот за да не го “убие”.

Излејте ја млаката вода и земете дрвена лажица па мешајте додека да добиете меко тесто. Одозгора наросете малку брашно, завиткајте го садот со проѕирна фолија и оставете 15-тина минути на собна температура да надојде.

Потоа мекото и лепливо тесто истурете го врз набрашнета маса и со набрашнети прсти само малку оформете го во топка или во саканата форма.

Потоа се префрла врз набрашнета хартија за печење. Повторно се наросува со брашно и се завиткува, па се остава убаво да надојде.

Тестото заедно со хартијата се префрла во сад за печење.

Се става во рерна загреана на 220 степени, а потоа се намалува на 200 степени и се пече 15-тина минути, па се покрива со фолија и се допекува, вкупно околу 45 минути.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: