„Откако се породив, килограмите нагло ми се зголемија, а првите неколку месеци не обрнував многу внимание на себе.
Само се фокусирав на детето и мислев дека телото природно ќе се врати во форма, но тоа не се случи“, раскажува нашата читателка.
Тогаш решила да побара совет од својата баба, која цел живот е витка и активна. „Баба ми рече дека нејзината добра фигура се должи на активен живот, но и на оваа супа која секогаш ја јадела. Веднаш си го запишав рецептот и го пробав уште истиот ден“, додава таа.
Со комбинирање на редовно пешачење и лесни вежби, заедно со супата двапати на ден, резултатите не изостанале – изгубила 10 кг за само еден месец.
Оваа супа е здраво, заситно и вкусно решение за сите кои сакаат да ослабат на природен начин, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Вкусна и заситна супа за слабеење – изгубете килограми здраво и брзо со овој лесен рецепт со лосос и зеленчук.

Потребни состојки:
• 4–5 компири
• 2 главици кромид
• 2 моркови
• 1,2 литри вода
• 350 г лосос (или бело месо по избор)
• 250 г брокула
• 1 домат
• ½ китка магдонос
• 200 мл неутрална павлака (со 20% масленост)
• 2–3 лажици маслиново масло
• Сол и црн пипер по вкус
• НМД
Постапка:
1. Подготовка на зеленчукот:
Компирите измијте ги темелно и излупете ги, па исечкајте ги на средни коцки.
Кромидот излупете го и сечкајте го на ситни парчиња. Морковите излупете ги, отстранете ги дршките и исечкајте ги на коцки со слична големина како кромидот.
2. Пржење на кромидот и морковот:
Во подлабоко тавче ставете 2–3 лажици маслиново масло.
Кромидот пржете го на ниска температура додека да омекне и да ослободи арома. Додајте го морковот и продолжете со пржење уште неколку минути.
3. Варење на супата:
Зеленчукот префрлете го во тенџере. Додајте ги компирите и прелијте со 1,2 литри вода. Зачинете со сол и црн пипер по вкус. Ставете го тенџерето на средна температура.
4. Додавање на месото:
Лососот исечкајте го на поголеми коцки и додајте го во супата. Варете околу 15 минути или додека лососот/белото месо омекне.
5. Зеленчуци за финалниот вкус:
Брокулата исечкајте ја на помали парчиња, а доматот на средни парчиња.
Додајте ги во тенџерето и оставете да се готват уште 5 минути. На крај исечкајте го магдоносот и додајте го во супата.
6. Финален додаток:
Прелијте ја супата со 200 мл неутрална павлака и добро измешајте. Павлаката ѝ дава кремаст и освежителен вкус, а супата станува заситна и пријатна за јадење.
💡 Совет за слабеење:
Јадете ја супата двапати на ден (за појадок и вечера), а во остатокот од денот консумирајте лесни ужини или овошје.
Комбинирајте со пешачење или лесни вежби за подобри резултати.
„Го намалив телото за 10 кг со ОВАА СУПА – Вкусно и здраво!“ Постапката опишана преку фотографии и видео прилог можете да ја погледнете ОВДЕ:











