Фото и рецепт: Снежана Бошкова

Потребни состојки:

800 г – 1 кг брашно

1 коцка свеж квасец

2 лажички сол

1 лажичка шеќер

Масло помешано со растопена маст (околу 50 мл масло, 50 мл путер, 50 мл маст)

3 јајца за тестото + 2 јајца за премачкување одозгора

за фил:

500 г дробено сирење + 2-3 јајца

и уште: масло и свинска маст или путер растопени за попрскување на корите.

Постапка:

Се замесува околу 800 г – 1 кг брашно со една коцка свеж квасец, со топла вода, сол, шеќер, малку масло и малку свинска маст и три јајца. Тестото се остава да стаса. Се прават топчиња и потоа се развлекуваат кори не многу тенки, со величина колку што е тавчето (бр.30).

Се редат корите, па се филуваат со сирење и јајца и млада коприва која претходно сте ја обариле и процедиле. Секоја кора се напрскува со масло и путер/маргарин или растопена свинска маст. Одозгора се премачкува со две јајца.

Се сече слично на баклава и се остава да надојде, па се пече во загреана рерна на 250 па на 200 степени додека да фати убава коричка.

Фото и рецепт: Снежана Бошкова

* Исто така, можете да направите 10 топчиња откако еднаш ќе скисне тестото, па секое топче да се расука во помала кора. пет кори се премачкуваат со смеса од масло, свинска маст и путер, претходно растопени.

Се спојуваат две по две, па така добивата пет кори. Секоја од нив се расукува во величина на тавчето бр.30. Врз четити кори се става фил од сирење и јајца, одозгора се попрскува со смесата, се сече на баклави и се наросува со сусам. Се остава да кисне па се пече.