СТРАЧАТЕЛА КУГЛОФ…Многу вкусен јогуртен колач…Никогаш не ми здосадува да го правам…Лесен и брз десерт за секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
150 г шеќер
8 г ванилин шеќер
1 прстофат сол сол
80 мл масло
100 мл млеко
125 г цврст јогурт со вкус на ванила или кисела павлака
ситно рендана кора од лимон по вкус
240 г брашно
16 г прашок за печиво
30 г чоколадни трошки/капки

ПОСТАПКА:

Со жица пенасто изматете ги јајцата со шеќер, ванила и прстофат сол. Додајте масло и млеко, кратко промешајте го па сипете го овошниот јогурт/со вкус на ванила или кисела павлака. Додајте ситно рендана лимонова кора.

На крај додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и изедначете да нема грутчиња. Вмешајте ги чоколадните трошки и смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап.

Печете 40-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: