Здраво, се викам Марија Елена. Обожавам да готвам здрави рецепти, особено откако увидов дека тие можат многу да ми помогнат во слабеењето и да водам здрав начин на живот. често смислувам здрави рецепти и сакам да ги споделам со вас.
Следниот рецепт ми помогна најмногу да ослабам во пределот на стомакот и тој ми е еден од омилените. Со ова јадење јас ослабев 10 кг за еден месец. Едноставно и многу лесно се приготвува со зеленчук.
Содржи многу малку калории, а сепак е заситно и многу вкусно. Сега е сезона на тиквичките, па толку е вкусно ова јадење, што секому ќе му се допадне, особено доколку и вие сакате да се храните здраво. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 тиквички, 1/2 главица црвен кромид, сол, 70 г пармезан (или друг кашкавал), 1 јајце, 180 г филаделфија или рикота крем сирење, 140 г лебни трошки, 3-4 зелени млади кромитчиња.
И УШТЕ: 100 г вермикели тестенини, 140 г црвен ориз, 1 супена лажица путер, 600 г вода и 1 коцка за супа (зеленчуков или пилешки булјон)
ПОСТАПКА: Тиквичките измијте ги добро, отстранете ги краевите, а потоа изрендајте ги на крупната страна од рендето. Додајте и половина главица рендан црвен кромид, или цела главица ако е помала. Посолете и промешајте, па оставете настрана 15 минути.
За тоа време изрендајте го пармезанот или кашкавал по ваш избор, но по мој вкус најдобар е токму пармезанот. Отстојаните рендани тиквички претурете ги во цедалка и добро исцедете ги, а потоа истискајте ги дополнително со раце за да излезе од нив што повеќе сок.
Потоа додајте едно јајце (или две помали), крем сирење и лебни трошки. Сипете го ренданиот кашкавал (пармезан) и убаво со лажица промешајте додека сите состојки да се поврзат во изедначена и компактна смеса.
За да ја збогатите смесата, додајте и ситно исечкан зелен кромид, запиперете со малку црн пипер и уште промешајте. Кога смесата добро ќе ја измешате, црпете со лажица и со рацете обликувајте топчиња со големина на орев. Редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Кога ќе се загрее рерната на 180 степени, ставете ги внатре и печете ги приближно половина час или додека да заруменат. За тоа време, на малку маслиново масло запржете ги тестенините додека да добијат убава златна боја. Вермикели тестенините се нешто како фиде, доста тенки.
Потоа додајте го оризот и промешајте. Додајте и една лажица путер, па продолжете да ги динстате тестенините и оризот додека путерот убаво се растопи. Потоа додајте 600 мл вода и една изронета коцка за булјон.
Поклопете со капак и оставете да се свари на ниска температура додека убаво да набубри и омекне. Забележавте дека во овој рецепт не се користи многу сол, а тоа е од голема важност доколку сакате да ослабете – солта ја врзува внесената вода и не дозволува да се ослободите од вишокот ткивна течност.
Печените ќофтенца оставете ги малку да подизладат, па послужете ги со прилог од варен ориз. Видеопрезентацијата на Марија Елена можете да ја погледнете ОВДЕ.