Сте ги переле алиштата, сте го користеле најубавиот омекнувач, но убавиот мирис брзо „испарил“, особено ако парчињата алишта не сте ги носеле подолго време.

Постојат неколку начини, или трикови со кои можете да ја продолжите свежината и мирисот на испраната облека неколку дена подолго, а со некои трикови мирисот ќе трае со месеци.

Парфем и марамчиња

Наместо да го испрскате парфемот директно на облеката, испрскајте го на марамче и ставете го во плакарот.

Мирисот дефинитивно ќе се рашири, парчињата облека ќе го впијат, а доброто е што нема да ги оштетите или да ги извалкате вашите омилени работи како што некогаш се случува ако директно го испрскате парфемот врз нив.

Освежувач на воздух за автомобил

Да, можете да ги користите и во гардероби. Изберете некои поблаги мириси на таканаречените „борови дрвја“ или „елки за автомобил“, завиткајте ги во марамче или крпа и ставете ги во фиока. Ќе мириса со месеци.

Зрна кафе

Освен што ќе ги апсорбираат сите тие лоши мириси, зрната кафе ќе го шират својот мирис.

Наполнете мал сад со зрна, направете неколку дупчиња на капакот или алуминиумската фолија со која сте го обложиле и ставете го во шкафот. Променете ги еднаш месечно.

Есенцијални масла

Исто како и со зрната кафе, можете трајно да ја намирисате облеката со есенцијални масла. Додајте неколку капки во машината за перење за време на последниот циклус на перење или ставете ги на марамче/крпа и ставете ја во плакарот.

Сапун

Еден од најстарите трикови што многумина го користат и денес е ставањето тврд сапун меѓу работите.

Сè што ви треба е да го завиткате во хартиена крпа или само да го ставите во орманот во оригинално пакување, а можете да поставите и по еден сапун во секој џеб од палтата.