Читателка ни испрати свое искуство со Листеринот кое позитивно ја изненадило. Прочитала на интернет дека оваа течност која првенствено се користи за дезинфекција на усната шуплина, непцата и забите, може да послужи и за дезинфекција на пазувите, особено кај оние што имаат “кисела” пот и непријатен мирис. Малку истражувавме и дознавме навистина изненадувачки податоци за овој производ.
Листеринот всушност може да се искористи за многу алтернативни начини. Прочитајте за овие неверојатни идеи кои сигурно многу ќе ви користат во животот. Иако делуваат чудно, всушност се многу ефикасни!
Зошто Листерин?
Листеринот содржи многу корисни состојки, како што се: мајчина душишка, евкалиптус и алкохол. Всушност не е ни чудо што овој производ може да се користи на толку креативни начини!
ДА СЕ ВТРИЕ ПОД ПАЗУВИ
Дали некогаш ви се случило да снемате дезодоранс во незгоден момент? Листеринот е одличен во борбата против непријатните мириси кога сте во неволја! Едноставно нанесете листерин на памук и натапкајте се под пазувите.
ПРОТИВ ЈАДЕЖ И УБОДИ ОД ИНСЕКТИ
Колку и да ви звучи чудно, натапкајте се на местото каде што укасала некоја бубачка, па веднаш ќе почувствувате олеснување. Исто така се препорачува кај јадеж од отровни билки.
ПРОТИВ ПРВУТ
Изненадувачки е тоа што Листеринот делува и против првут. Треба главата да се измасира со оваа течност, косата да се завитка во пешкир, да се измие косата по некое време и да се повтори после 20 минути.
ПРОТИВ БОЛВИ НА ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЧИЊА
Наместо разни спрејови против болви, многумина сопственици на крзното од своите миленичиња им нанесуваат листерин.
Овој алтернативен метод е одличен бидејќи не се користат силни хемикалии. Многумина препорачуваат мешање на Листерин со шампон за миленици или со вода, па тоа да се користи како спреј.
ЗА ЧИСТЕЊЕ ЛИЦЕ
Многумина користат Листерин за чистење на лицето, особено доколку имаат акни. Се препорачува чистење на лицето со Листерин наутро и навечер.
ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЧЕТКИТЕ ЗА ЗАБИ
Исто како што Листеринот се бори против бактериите во вашата уста, така се бори и за вашата четка. Во чашата ставете Листерин и оставете ја четката неколку часови да се натопи во течноста.