Пред речиси една деценија голем број домаќинки ги воведоа во употреба кесите за печење, а потоа како малку да ги подзаборавија. Кесите за печење се многу практични, а јадењето зготвено во нив е превкусно и сочно, затоа што се користат сопствените сокови.
Нема потреба од дополнително долевање на вода, а доколку сакате, можете да готвите и без масло. Особено месото зготвено во кеса излегува многу меко и ровко, со убава зацрвенета боја, а сепак сочно и меко. Пробајте го овој рецепт за месо и компир од рерна, одличен е за брз ручек или вечера.
Потребни состојки: 1 кг месо (од плешка или по ваш избор), 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 голем морков, 1 кг компир, 1 домат, 1,5 лажичка сол, 1 лажичка сув зачин (вегета), половина лажичка црн пипер во прав или по вкус, 50 мл масло
Постапка: месото исечете го на коцки со величина на залак. Кромидот исчистете го, па исечете го на крупни парчиња. Потоа исечкајте ги двете чешниња лук. Морковот излупете го и изрендајте го. Компирите измијте ги, излупете ги, па и нив исечкајте ги на крупни коцки.
Еден домат измијте го, отстранете му го тврдиот дел, па исечкајте го на крупни парчиња. Кесата за печење подгответе ја и раширете ја, па започнете да ја полнете. Прво ставете го компирот, па ренданиот морков, потоа сечканиот кромид и лук, доматот и на крај месото.
На крај зачинете со 1,5 лажичка сол, 1 лажичка сув зачин (вегета), половина лажичка црн пипер во прав или по вкус, и додајте 50 мл масло. Кесата добро затворете ја и врзете ја со флексибилната лентичка која доаѓа комплет заедно со кесата.
Потоа содржината на кесата промешајте со нежно валање и лулање за да можат рамнимерно да се распоредат сите состојки и зачини. Ставете ја во плех и со помош на чепкалка пробо-дете ја кесата на 3-4 места и ставете ја во претходно загреана рерна на 180 степени.
Потребно е да се пече околу еден час. Во меѓувреме нема потреба да ја долевате, превртувате или било што да правите околу јадењето, освен можеби да проверувате кога ќе биде готово. Отворете ја кесата и оставете да излезе пареата, а потоа послужете.
При отворањето на кесата внимавајте на врелата пареа. Вашето јадење е готово, меко и сочно, зготвено во сопствените сокови. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ: Ставете сè во рерна и имате готов ручек за 1 час
Ваквите рецепти сите ги сакаат затоа што сите состојки се ставаат во тепсија и за еден час во рерна ќе добиете готов ручек!
Потребни состојки: 1 кг свински или телешки стекови, ~100 г брашно, 2 супени лажици мешан зеленчуков зачин (вегета), сол, црн пипер, масло, 2 супени лажици доматно пире, 5-6 чешниња лук, 2 рамни супени лажици шеќер, 200 мл бело вино, магдонос
Постапка: свинските стекови изработете ги со кујнски чекан, па добро зачинете ги со зеленчуков зачин и малку сол. Побрашнете ги од двете страни. Половина од стековите ставете ги во огноотпорен сад намастен со масло. Наросете со сечкан лук, магдонос, шеќер и малку заленчуков зачин.
Доматното пире измешајте го со бело вино и со таа мешавина прелијте ги стековите. Одозгора наредете ги останатите стекови и повторете ја постапката. Долејте толку вода колку стековите да бидат прекриени. Попрскајте со малку масло. Се пече околу 1 – 1:30 час, на 200 степени. Се послужува со прилог по желба (пилав, помфрит…)