Чедар кашкавалот е релативно тврд, целосно бел (или портокалов ако се додадат бои како што е вообичаено), понекогаш со остар вкус, природно сирење.
Чедарот е најпопуларниот кашкавал во Велика Британија, а е второто најпопуларно сирење во САД зад моцарелата. Има необичен вкус, па затоа одговара во многу специјалитети, но и како мезе или закуска.
Кај нас овој кашкавал се продава по доста високи цени, кои „отскокнуваат“ од цените на другите кашкавали. Идеално би било доколку секој може дома да си го направи… За среќа, продавачката во маркетот каде што редовно пазарам ми го даде овој рецепт.
Ми рече дека многу едноставно се подготвува, а ќе ми бидат потребни само 2 состојки. Веднаш го направив кашкавалот и навистина има фантастичен вкус.
Потоа на телевизија слушнав уште еден рецепт за чедар кашкавал од 2 состојки, но малку поразлична верзија. Сега не можам да се одлучам кој рецепт повеќе ми се допаѓа, а со вас ќе ги споделам и двата рецепти.
ВЕРЗИЈА 1. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 литри млеко и 1,5 чаша оцет (околу 300 мл). ПОСТАПКА: Во едно тенџере на оган ставете 5 литри млеко. Промешајте со жица-маталка и почекајте млекото да се загрее, но не треба да зоврие.
Ако имате и специјален термометар за мерење на температурата во јадењата тогаш загревајте го додека да стигне 50 степени, а ако немате може отприлика да препознаете кога е загреано, пред да ви зоврие.
Загреаното млеко тргнете го од рингла и во него додајте 1,5 чаша оцет. Мешајте непрекинато со лажица или шпатула додека целата смеса убаво да згусне. Ќе се направи смеса слична на урда која ќе ,,плива” во течност.
Вака подготвената смеса прелијте ја преку голема цедалка за да се изцеди од вишокот течности и добро истиснете ја. Земете еден поголем сад и наполнете го со вода, па ставете на рингла да зоврие. Одозгора на пареа ставете го кашкавалот и гответе на овој начин 2-3 минути.
Потоа тргнете од оган и кашкавалот процедете го преку памучна крпа или газа со додавање на течноста која првично ја тргнавте настрана. Почнете да го ,,замесувате” кашкавалот така што тој ќе стане растеглив, па постепено ќе се формира како тесто кое се цеди од течностите.
Вака подготвениот кашкавал ставете го во калап во фрижидер да се стегне неколку часа. По изминатото време само пресечете го на парчиња.
ВЕРЗИЈА 2. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко и 1 литар јогурт. ПОСТАПКА: Ставете го млекото да зоврие на рингла, потоа додајте го јогуртот и со жица-маталка гответе уште 2-3 минути додека да почне смесата да се згуснува и да се направи урда како и во претходниот рецепт.
Последователно постапката останува иста на подготовка на чедарот како и во првиот рецепт. Вие одлучете кој рецепт ќе го изберете бидејќи мене и двата ептен ми се погодија. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.