Кремасто сирење кое излегува во голема количина и многу е вкусно. За да го направите ќе ви требаат само 2 состојки и малку сол за да го посолите. Се прави многу брзо, па ќе може да го направите во било кое време. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 литри млеко, сок од 1 лимон, 1/2 лажичка сол. Кашкавалот може да го подготвувате со купечко, но уште подобро е ако имате домашно млеко со висока масленост, 2,8 или 3,2. Се чува во фрижидер до неколку денови.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Млекото се става во тенџере на оган. Во тенџерето додајте ја солта и промешајте и почекајте млекото да почне да се затоплува. Настрана исцедете сок од 1 лимон, а потоа процедете го за да ја отстраните пулпата.

![]()
![]()
![]()
![]()
Пред моментот на зовривање на млекото, ставете го лимоновиот сок и измешајте. Варете на среден оган додека млекото да зоврие. Тоа ќе започне да се соединува во помали грутчиња, па затоа уште еднаш промешајте по зовривање и оставете да вари уште 10 минути.

![]()
![]()
![]()
![]()
По изминатото време, повторно вратете се да го измешајте млекото и покријте го тенџерето со соодветен капак. Се вари уште 10 минути. Убаво се вари со постојано мешање додека сирењето да започне да се одвојува од сурутката.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа тргнете го од оган и истурете го во цедалка со газа, на која ќе остане сирењето, а сурутката ќе се исцеди во садот под него. Сурутката може да ја користите за подготвување на леб и разни печива. Во цедалката може да ставите уште некој сад кој пропушта течност кој ќе ви помогне во формирањето на сирењето.





![]()
Кога добро ќе се исцеди сирењето на рака, оставете го спакувано во пластичниот сад за да продолжи да се цеди. Одозгора покријте го со вишокот газа и врз него ставете тежок предмет. Оставете да се формира околу 2-3 часа.

![]()
![]()
![]()
По изминатото време, сирењето е подготвено за јадење, но дополнително може да го ставите во фрижидер за уште повеќе да се стегне, бидејќи по отстојувањето дополнително омекнува и станува како зденка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

![]()
![]()
![]()
![]()











