Оваа смеса нанесете ја на ѕидовите од рерната и оставете да делува преку ноќ.
Има многу интересни и многу едноставни трикови кои можат да ви помогнат да се ослободите од тврдокорните маснотии без груби хемикалии, а една TикTокерка го претстави својот метод кој не вклучува макотрпно рибање на рерната и ги воодушеви нејзините следбеници.
Зошто сода бикарбона и оцет се толку добра комбинација кога станува збор за чистењето?
Сода бикарбоната е всушност натриум бикарбонат, а во комбинација со алкохолниот оцет прави успешно да „манипулираме“ со молекулите.
Сода бикарбоната е сосема спротивна од оцетот, иако е погруб од оцетот и делува така што ја „раствора органската материја“, вели професорката по хемија на Универзитетот Орегон, Меј Ниман.
Оцетот и сода бикарбоната се наоѓаат на спротивните страни на рН скалата, односно мерат колку супстанцијата е кисела или базна.
Како базна, сода бикарбоната раствора органски соединенија кои сочинуваат нечистотија, маснотии итн., а минералната структура на нејзините честички обезбедува нежно чистење без гребнатини.
Како киселина, оцетот дополнително ги разградува минералите, а комбинирањето на овие состојки дава неверојатни резултати!
Кога сода бикарбоната се меша со оцет, киселината ја разградува содата бикарбона, ослободувајќи јаглерод диоксид, кој помага целосно да се отстрани нечистотијата.
Како да ја исчистите рерната со сода бикарбона и оцет?
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: половина чаша сода бикарбона, една лажица детергент за миење садови, малку вода, лажица оцет
Како се користи?
Оваа смеса нанесете ја на ѕидовите од рерната и оставете да делува преку ноќ. Следниот ден само земете крпа и избришете ја рерната додека смесата целосно да се извади, а потоа пребришете со крпа натопена во оцет.