Старинската добра торта се прави во тенџере од 5 литри и се враќа во млака рерна да преноќи. По тоа е позната. Погодна е за сите видови украсувања, бидејќи е стабилна и цврста.
Потребни состојки за 1 кора:
3 јајца
5 лажици шеќер
15 лажици брашно
13 лажици млеко
1 лажица какао
½ кесичка прашок за печиво
на врв од лажичката сода бикарбона
Се печат две вакви кори
За фил:
1 литар млеко
350 г путер или маргарин
200 г чоколадо за колачи
5-8 лажици шеќер (по вкус)
100 г сечкани ореви
100 г мелени ореви
100 г кокос
200 г мелени плазма бисквити
За украсување: малку ореви или 2 шлага
Постапка:
Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Тенџерето од внатрешна страна навлажнете го и исцедете ја вишокот вода, а потоа обложете го со хартија за печење.
Белките од три јајца изматете ги пенасто, па гога смесата ќе се згусне, постепено додадете го шеќерот и матете додека да се направи цврст снег. Потоа постепено едно по едно додадете ги и жолчките.
Во друг сад посебно измешајте ги брашното, какото, прашокот за печиво и сода бикарбоната.
Во изматената смеса од јајца додадете 13 лажици млеко, измешајте со лажица и полека додавајте ја мешавината од брашно и соединете полека.
Добиената смеса излејте ја во тенцерето и веднаш ставете да се пече во загреаната рерна околу 15 минути. Извадете ја од тенџерето и оставете ја да се излади. Пригответе уште една ваква кора, а кога ќе бидат убаво изладени пресечете ги на половина за да добиете четири кори.
За фил: Во литар млеко ставете го путерот, чоколадото и шеќерот, па ставете на оган да зоврие.
Штом зоврие млекото тргнете го на страна и додадете ги мелените и сечканите ореви, кокосовото брашно и мелените бисквити. Од филот оставете околу една чаша за на крај да ја премачкате целата торта.
Тенџерето кое го користевте за печење на корите, сега обложете го со фолија. На дното ставете една кора, па врз кората околу 3 кутлачи фил, потоа втора кора, па повторно фил и се така до крајот.
Се става последната кора и нежно се притиснува. Се затвора во фолија и тенџерето се враќа во млакат рерна. Ако рерната во меѓувреме се изладила, вклучете ја да се загрее на 50 степени, па исклучете и оставете ја тортата да преноќи или додека рерната целосно да излади (неколку часови).
Потоа тортата превртете ја врз тацна за послужување и целата премачкајте ја со остатокот од филот и украсете ја со ореви или по желба. Пред послужување добро изладете ја.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: