Брчките се неизбежна појава во текот на животот, кои се јавуваат порано или подоцна во зависност од тоа каков начин на живот водите или сте живееле во младоста. Дали на челото, околу очите или на брадата – порано или подоцна, на лицето на секоја жена се појавуваат поголеми или помали брчки.
Но, тие не се само видливи знаци дека старееме, тие исто така ни кажуваат многу за нашето здравје. Откриваме кои брчки на лицето можат да бидат знак за одредени физички заболувања..
Брчки на челото
Се разбира, ако се муртите цело време, релативно брзо ќе добиете јасно видливи брчки на тоа место. Сепак, според Ема Хобсон од Меѓународниот институт за кожа, треба да обратите внимание на фините брчки во пределот на горниот дел од челото.
Овие брчки се поврзани со мочниот меур и стомакот, брчките на челото може да укажуваат на проблеми во овие области. Брчките во долниот дел на челото, исто така, можат да бидат знак за алергија на храна – тие често се придружени со мозолчиња и осип.
Брчки околу очите
Малите или фини линии околу очите се прекрасни. И лесно се препознаваат: ако се подлабоки кога очите се затвораат кога се смеете, сè е во ред. Сепак, очите се исто така тесно поврзани со црниот дроб.
Имено, брчките кои не произлегуваат од смеа и постојат трајни темни кругови под очите укажуваат на тоа дека црниот дроб е преоптоварен. На пример, нездравата исхрана или премногу ал-кохол може да бидат одговорни за оваа состојба. Отечените очи се исто така можен сигнал за недостаток на омега – 3 масни киселини, проблеми со бубрезите или висок кр-вен притисок.
Совет: Ако проблемот со брчките е само знак за старост, може да го лекувате или спречите доколку е потребно, на пример со соодветни серуми или анти-стареечки крем за лице.
Брчки околу устата или брадата
Областа околу устата е исто така поврзана со нашиот дигестивен тракт. Длабоките брчки помеѓу носот и брадата може да укажуваат на дигестивен проблем. Малите брчки околу усните често се знак за почетокот на менопаузата. Областа на устата бара посебна внимателна нега на лицето.
Друг фактор: Пушењето може да ги продлабочи брчките – ако сакате мазна кожа на лицето (заедно со разни други здравствени придобивки), треба да престанете да пушите! Црвеното вино може да помогне во спречување на дамки и брчки на лицето. Брчките се нормален процес од човековото живеење.
Сепак, треба да обратиме внимание ако се појават многу длабоки брчки и / или други заболувања кај младите. Тогаш дефинитивно ќе ви биде потребен лекар.
Најдобро лековито масло за брчки и покривање на другите недостатоци на кожата е маслото од смиљ (мацерат). Смиљот е многу лековит, а за првпат го откриле античките Грци кои целосно ја искористиле неговата лековитост.
Се користи за лекување на луз-ни и ра-ни, предизвикани од инсекти и разни кожни болести, како стрии, проширени ве-ни и егзема…
Потребни состојки: 200 г свинска маст и 100 г свеж смиљ. Постапка: Загрејте ја маста на тивок оган и почекајте да се растопи. Додајте ја свежата билка и оставете да се запржи околу 5 минути со повремено мешање.
По изминатото време, оставете да отстои уште 10-тина минути, а додека е сè уште течно, процедете низ газа и складирајте во стаклена тегла. Мевлемот се чува во фрижидер и се користи за надворешна употреба.
Истото може да го направите и со маслиново масло. Наполнете ја теглата со цвеќиња смил, претходно изгмечени со толчник, па прелијте со маслиново масло до врвот. Оставете да отстои 40-тина дена на сонце, па процедете и користете за надворешна употреба.
Чај од смиљ. Многу е лековит бидејќи го стимулира варењето на храната. Исто така, ја стимулира работата на желудникот и цревата. Се подготвува слично како и повеќето чаеви.
Во 250 мл зовриена вода додајте 2,5 лажички вода. Оставете да отстои половина час, а потоа процедете и кон-сумирајте трипати во текот на денот.