Фото и рецепт: Ранкос

Колачот е фантастичен, ќе ве воодушеви со брзината на приготвување како и со вкусот кој ќе ве освои со првиот залак. Колачот потсетува на жербо, па оние што сакаат жербо, ќе ја сакаат и оваа пита.

Потребни состојки:

600 г брашно
150 г маст или маргарин/путер
150 г шеќер
2 јајца
1 прашок за печиво
100 мл млеко

За фил:

300 г мелени ореви
5 полни лажици џем од кајсии или сливи
Малку екстракт од рум
150 г шеќер
50 г чоколадо за готвење
100 г маргарин
200 мл млеко
2 издробени кори (следи постапка)

За глазура:

100 г чоколадо
3 лажици шеќер
3 лажици вода
50 г маргарин

Постапка:

За кора: Во еден сад измешајте брашно, прашок за печиво, шеќер, јајца и маст, додадете млеко, па замесете мазно тесто кое не се лепи на раце.

Добиеното тесто поделете го на 4 топки, а од секој дел развлечете правоаголна кора со димензии 30х20 см. Корите печете ги на превртен плех во претходно загреана рерна на 200 степени.

Секоја кора се пече околу 10 минути. Штом здогледате дека краевите започнале да заруменуваат, ја вадите кората и ја првтувате на жица да се лади.

Според вад двете најубави кори ги оставате, а другите две ги дробите за филот.

За фил: измешајте ореви, издробени две кори, шеќер, рум, џем, растопено чоколадо и маргарин, па млеко и на крај сето убаво промешајте го за да добиете изедначена смеса.

Земете една кора и ставете ја на тацна за сервирање па испрскајте ја со млеко. Нанесете го целиот фил и изедначете, па поклопете со втората кора. Испрскајте малку со млеко, па одозгора нанесете глазура.

За глазура: Растопете го чоколадото на тивок оган заедно со маргаринот, шеќерот и водата, па премачкајте преку колачот.

Пред послужување најдобро е колачот да преноќи во фрижидер, па следниот ден да го сечете на коцки или штангли.