Домаќинките во Македонија, традиционално секоја година за православниот празник Василица прават Василици – колачиња со мед за кои се верува дека ако се јадат за Стара Нова година, ќе ви донесат среќа, и бериќет во текот на годината.
За овој стар рецепт кој се пренесува од генерација на генерација потребни се: 600 г брашно, 25 свеж квасец (1/2 коцка), 1 лажиче сол, 1 јајце, околу 300 мл млеко, 250 г маргарин/путер, мед за премачкување
ПОСТАПКА: Во еден сад се раствора квасецот во млако млеко, се додава шеќерот и малку брашно, па сето добро се промешува за да се изедначат состојките и да нема грутчиња. Се остава на топло место да се активира квасецот и да запени.
Во средината од брашното се прави вдлабнатина, па се додаваат сите останати состојки кои потребно е да бидат на собна температура. Измесете го со рака додека да добиете фино мазно тесто.
Тестото развлечете го во правоаголна кора, па преку цела површина премачкјате го со третина од маргаринот, претходно омекнат на собна температура. Потоа здиплете го како за лиснато тесто, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да нарасне.
Оваа постапка се повторува уште двапати, односно додека имате маргарин, со одморање на тестото по 15 минути. Потоа развлечете кора со дебелина од еден прст (0,5 см), па кората со помош на хартија префрлете го тепсија или плех од рерна.
Исечете го на коцки, приближно na 6 или повеќе, ако сакате помали (по ваша желба), избоцкајте со виљушка, па ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 180-200 степени, околу 20-тина минути.
Додека се сè уште топли премачкајте ги одозгора со мед. По желба, во колачите може да се се стават и ореви. Имајте убава вечер со најблиските, кои ќе ги послужите од преубавите василици. Рецепт на Мигноне.