Стар рецепт со јаболка, гриз и ореви…Брз и многу вкусен колач за секој ден! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г гриз
180 г мелени ореви
180 г шеќер
250 мл млеко
2 јајца
2 рендани јаболка
100 мл масло
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
За чоколадна глазура на тивок оган соединете:
160 г чоколадо
160 г слатка павлака
Или можете да растопите:
200 г чоколадо
3 лажици масло
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да се згуснат, па додајте ги влажните состојки, а потоа и сувите. Сѐ измешајте и сипете во калап обложен со хартија или намастен и набрашнет.
Печете во загреана рерна ан 180 степени 30-тина минути. Кога ќе се олади премачкјате го со чоколадна глазура. Оставете да се олади и стегне пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ: